Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница
Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он.
Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции.
Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.
Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент.
Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини.
Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец нападнат од повеќе лица, со убодни…
На 11.06.2024 во СВР Скопје, А.Л.(48) од…
Ноле на штаки: Прва фотографија по операцијата
Новак Ѓоковиќ вчера имаше операција на коленото…
Двајца возачи се повредени – излетале од…
Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…
Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…
Немало кој да стави катетер на пациент…
Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…
На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…