Флотата на Грета Тунберг со хуманитарна помош за Газа блиску до „портокалова линија“
Флотата бродови со хуманитарна помош, на која се и Грета Тунберг, европската пратеничка Рима Хасан и актерот Лијам Канингам, се ближи кон таканаречената „портокалова линија“ – морска координата што ја означуваат активистите како критична точка по која Израел претходно интервенирал против бродови со помош за Појасот Газа.
Според координаторот Киријан Андрију, линијата е во меѓународни води „каде Израел претходно незаконски пресретнувал пловила“.
Групата, наречена „Global Sumud Flotilla“, брои над 50 чамци со активисти, лекари и јавни личности од 44 земји. Пловат од Барселона и се надеваат дека ќе го пробијат израелскиот поморски обрач околу Газа. Според процените, портокаловата линија ќе ја допрат за околу 5 дена.
– Сè е добро денес – рече Андрију, додавајќи дека во близина забележале засилена дронска активност.
Еден од бродовите од претходна мисија, наречен „Conscience“, бил погоден со дрон, што предизвикало пожар и оштетување. Нападот се случил во мај, во меѓународни води пред Малта, потврдија од коалицијата „Freedom Flotilla“. Иако немало жртви, случајот ги зголеми тензиите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…