„Фолксваген“ би можел да затвори четири фабрики и да отпушти 100.000 работници
„Фолксваген“ размислува да затвори четири германски фабрики и да отпушти речиси 100.000 вработени, изјавија две лица запознати со ова прашање, што би можел да биде најголемиот ремонт во автоиндустријата досега. Членовите на надзорниот одбор биле информирани за плановите, за кои треба да се разговара на состанокот на 9 јули.
Овој потег доаѓа во време кога германскиот гигант се соочува со зголемен притисок од кинеските конкуренти, строги царини за увоз на автомобили во САД и со намалена побарувачка во Европа, што, според компанијата, го прави нејзиниот бизнис модел неодржлив.
„Фолксваген“ денеска потврди дека работи на иден план за реструктурирање, но додаде дека во оваа фаза не сака детално да ги коментира извештаите за построги мерки за намалување на трошоците.
Затворањето на фабриките во Хановер, Цвикау, Емден и Некарсулм би довело во опасност повеќе од 45.000 работни места, според изворите. Тие би се додале на 50.000 отпуштања, што првично биле планирани.
Списанието „Менаџер“ објави дека вториот по големина производител на автомобили во светот ќе ги намали инвестициите за околу 15%, на нешто над 130 милијарди евра, во следните пет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…