Фолксваген ја продава фабриката во Русија
Најголемата германска автомобилска компанија Фолксваген преговара за продажба на својата фабрика во руска Калуга, една година откако компанијата го запре производството и извозот во Русија поради руската агресија врз Украина.
– Една од можностите, кога станува збор за иднината на Фолксваген во Русија, е продажба на имотот на Volkswagen Group Rus, а со тоа и фабриката во Калуга, на трета страна, рече портпаролот на Фолксваген.
Тој додаде дека моментално има преговори за продажба, но дека се уште не се финализирани.
Пред тоа рускиот медиум РБК објави дека рускиот трговец со автомобили Авилон најавил купување на фабриката на Фолксваген во Калуга. Според истите извори, наскоро треба да се потпишат и купопродажните договори.
По почетокот на рускиот напад врз Украина, Фолксваген ги затвори двете свои фабрики во Русија во март 2022 година. Во исто време беше стопиран и извозот на возила во Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Путин: Сите предлози за мир во Украина…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…
Вашингтон сè уште расправа за дизелот: Трамп…
Можноста САД да го ограничат извозот на…
Саудискиот врховен муфтија до војниците: Бидете подготвени…
Саудиска Арабија доби една од најсилните јавни…
Нов бран напади врз Саудиска Арабија: Хутите…
Саудиска Арабија повторно се најде под масовен…