Објавено на:

Фон дер Лајен: Азербејџан е клучен за намалување на зависноста на ЕУ од руски енергенси

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска во главниот град на Азербејџан, Баку, потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство во енергетскиот сектор.

Азербејџан веќе ги зголеми испораките на гас во ЕУ, од 8,1 милијарди кубни метри во 2021 година на 12 милијарди во 2022 година, врз основа на зајакната енергетска соработка.

Фон дер Лајен рече дека новиот Меморандум отвора ново поглавје во енергетската соработка со Азербејџан, кој е клучен партнер на ЕУ за намалување на зависноста од руските фосилни горива.

-Ние не сакаме само да го зајакнеме постојното партнерство, туку и да ги поставиме темелите на долгорочно партнерство во областа на енергетската ефикасност и чистата енергија – рече таа.

Меморандумот предвидува обврска да се удвои капацитетот на гасоводот Јужен гасен коридор со цел до 2027 година да испорача најмалку 20 милијарди кубни метри гас во ЕУ годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…