Фон дер Лајен: Ако повторно бидам избрана, ќе се залагам за проширување на ЕУ на Западниот Балкан
На прес-конференција во Брисел, таа рече дека отсекогаш била „силен поддржувач на проширувањето“, како и дека таа „многу јасно стави до знаење дека тоа е процес заснован на заслуги“.
„И натаму инсистирам на тоа, но добро е да се види како Западниот Балкан, но и на пример Украина и Молдавија, прават се што е можно за да ги спроведат потребните реформи и да напредуваат кон Европската унија. Така, се разбира, во потенцијалниот следен мандат ќе ме најдете како силен поборник за проширување на Западниот Балкан“, рече Фон дер Лајен.
Таа рече дека во тек е процесот за детално да се елаборира Планот за раст со шест партнери од Западниот Балкан за тоа кои реформи се поврзани со кој тип на инвестиции и каков е пристапот на единствениот европски пазар.
„Работата оди многу добро. Има голем интерес и голем ентузијазам во земјите од Западниот Балкан. Во моментот кога ќе завршиме со основните принципи, првата исплата може да тече“, рече Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека Планот за раст за Западниот Балкан е „многу јасна порака“ на процесот на проширување.
„Имаме средства, тоа е многу важно“, порача Фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…
Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…
Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…
Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…
Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…