Фон дер Лајен денеска во посета на Киев: Ќе се сретне со Зеленски

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во својата трета посета на Украина од почетокот на војната.

Француските медиуми наведуваат дека за време на посетата таа  ќе разговара со украинските претставници за плановите на земјата за интеграција во Европската унија.

„Во Киев, во трета посета од почетокот на руската војна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Претседателката на Европската комисија за време на престојот во Киев треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал.

Во нејзините говори во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен неколку пати нагласи дека ЕУ е подготвена долгорочно да ја поддржи Украина и дка Путин не смее да победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…