Фон дер Лајен допатува во Киев: „Судбината на Европа е во прашање“

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија на Украина.

По тој повод таа објави: „На третата годишнина од бруталната руска инвазија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа“.

Во својата објава на социјалната мрежа „Х“, шефицата на ЕК додаде: „Во оваа борба за опстанок, не е загрозена само судбината на Украина, туку и судбината на Европа“.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, вчера порача дека би сакала да ја види Украина како следна земја во ЕУ, наведувајќи дека на државата ѝ е потребна постојана политичка, економска и воена поддршка. Еврокомесарката смета дека Украинците покажале неверојатна храброст и се борат не само за својата земја, туку и за слободата, достоинството и иднината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Информација за состојбата со врнежите од…

РЦУК – Тетово известува дека сите магистрални…

ИНЦИДЕНТ НА НАТПРЕВАРОТ АРСИМИ – ВАРДАР –…

На 28.11.2026 во 13:50 часот на Градскиот…

Пратеник на германската АФД: Западен Балкан ќе…

Новата оска во Европа е меѓу Берлин…

Се самозадоволувал на јавно место во Струмица,…

На 28.11.2026 во Струмица, полициски службеници од…

Бакојани тврди дека лично го напишала заклучокот…

Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора…