Фон дер Лајен: ЕУ не е целосна без Косово!

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека местото на Косово е во Европската унија и дека ЕУ е нецелосна без Косово.

На прес-конференцијата по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, таа рече дека Косово ќе има поддршка на патот кон евроинтеграциите и оцени дека Приштина направила голем напредок и е посветена на европскиот пат. Таа потврди дека се исполнети сите услови за либерализација на визниот режим, а порача дека во тоа мора да се увери и Европскиот совет.

„Косово заслужува визна либерализација, знам колку ви е важно. Ги исполнивте сите стандарди. Нашата проценка беше дека тоа треба да се направи во јули. Наша задача е да го убедиме целиот Европски совет. Можете да сметате на нас во Комисијата затоа што ќе направиме се за да ви помогнеме на вашиот пат“, рече фон дер Лајен.

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека посетата на Фон дер Лајен уште еднаш ја потврдува посветеноста на ЕК кон Косово и регионот. Таа рече дека извештајот за напредокот, кој е најдобар за Косово досега, е доказ дека народот на Косово е посветен на европските вредности и владеењето на правото. Османи изрази загриженост за дестабилизирачките акции на Русија и „нејзините сателити во регионот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…