Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност

t

И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“.

-Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…