Фон дер Лајен: Нема да го напуштам самитот додека не се постигне договор за финансирање на Украина!

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека очекува земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за финансирање на Украина на дводневниот самит што започнува денес во Брисел.

„Нема да го напуштам советот без решение за финансирање на Украина“, изјави таа пред новинарите пред состанокот, објави Ројтерс. За да можат да ги користат замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ прво ќе треба да ја убедат Белгија, која држи 185 милијарди евра од 210-те милијарди евра замрзнати во Европа, дека нема да биде оставена сама на себе доколку Русија поднесе тужба во меѓународни судови.

„Целосно ја поддржувам Белгија“, изјави претседателката на Европската комисија, според агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…