Објавено на:

Фон дер Лајен објави: Собрани се над 10 милијарди евра за Украина

t

Како дел од меѓународната кампања за собирање средства за поддршка на Украина, собрани се 10,1 милијарди евра, објави денеска претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Варшава.

Кампањата „Стани за Украина“ ја започна меѓународната организација Глобал Ситизен со поддршка на Европската Унија и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Покрај светските лидери кои ветија дека ќе соберат милијарди долари во име на нивните земји за помош на украинските бегалци, во кампањата се приклучија и уметници како Елтон Џон, Аланис Морисет, Били Ајлиш, Ени Ленокс и Крис Рок.

„Светот на крајот собра 9,1 милијарди евра како дел од кампањата, а Комисијата, заедно со ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), додаде уште една милијарда на сите раселени лица во Украина. Тоа е фантастично, значи 10,1 милијарди евра“, изјави Фон дер Лајен.

Таа додаде дека на собраниот износ ќе се додадат и други средства.

„Солидарноста на земјите, компаниите и луѓето ширум светот нуди малку светлина во овие темни моменти“, рече Фон дер Лејен на затворањето на кампањата за собирање средства за Украина.

„И кога бомбите ќе престанат да паѓаат, ќе му помогнеме на украинскиот народ да ја обнови својата земја. Ќе продолжиме да ја браниме Украина“, рече таа.

На присутните преку видео порака им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Храброста на Украина веќе го обедини целиот демократски свет“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Зеленска: Ве молам не ја запирајте помошта

Украинската прва дама, Олена Зеленска во интервју…

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…