Фон дер Лајен останува единствениот кандидат на ЕПП за иден претседател на ЕК
Европската народна партија (ЕПП) соопшти дека денеска напладне истече рокот за претставување партиски кандидати за иден претседател на Европската комисија.
Кандидатурата на досегашната шефица на комисијата Урсула фон дер Лајен останува единствена, се додава во соопштението.
Претседателот на ЕПП, Манфред Вебер добил од германската партија „Христијанско-демократска унија“ предлог Фон дер Лајен да биде водечки партиски кандидат на ЕПП. Според правилата, оваа номинација доби поддршка од уште две национални партии – од Полска и од Грција. Други кандидати не беа предложени, се наведува во соопштението.
Се очекува ЕПП да ја поддржи Фон дер Лајен на партискиот состанок во Букурешт на 7 март. Претседателот на ЕК ќе го избира Европскиот совет по изборите за европратеници на почетокот на јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу големи експерти во енергетика: Не работи…
Вториот од трите блока на РЕК Битола…
Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…
Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…
Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со…
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот…
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…