Фон дер Лајен следната недела во посета на БиХ

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во придружба на премиерите на Холандија и Хрватска, Марк Руте и Андреј Пленковиќ, во вторник ќе ја посети Босна и Херцеговина.

Предвидено е за време на престојот во Сараево, Фон дер Лајен и нејзините придружници да се сретнат со претседавачката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, со членовите на Претседателството на босанското Парламентарно собрание, како и со претставници на граѓанското општество.

Според заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста, посетата доаѓа во многу важен момент од процесот на пристапување на БиХ кон Европската Унија, особено по одлуката на декемврискиот Самит на ЕУ за старт на преговорите за членство откако земјата ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за зачленување во блокот. Во заклучоците од Самитот, лидерите побараа од Европската комисија најдоцна во март 2024 година да поднесе извештај до нив за напредокот што ќе го постигне БиХ, со цел да донесат одлука за отпочнување на преговорите.

– Целта е да се поддржат босанските власти и да се поттикнат во спроведувањето на промените што мора да ги направат за да дојдат до преговарачкиот процес, додаде Подеста.

Портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро, пак, нагласи дека доделувањето на кандидатскиот статус на БиХ донесе позитивна динамика во земјата во текот на минатата година, што резултираше со условената препорака на Советот на ЕУ за старт на преговорите за членство.

– Од особена важност е да видиме напредок од страна на Босна и Херцеговина кога станува збор за клучните приоритети, што и беа поставени на земјата кога Европскиот совет и го додели кандидатскиот статус, додаде Писонеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во БиХ: Момче загина додека чувало…

Деветнаесетгодишно момче загина на минско поле во…

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…

Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…