Фон дер Лајен: Терористите се Хамас, не палестинскиот народ
Теророт на Хамас му носи и огромно страдање на палестинскиот народ. Дозволете ми да бидам многу јасна дека терористите се Хамас, а не палестинскиот народ и затоа ние мора да се грижиме за палестинскиот народ и неговите хуманитарни потреби, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по вечерашниот вонреден Самит на ЕУ, што се одржа преку видео-конференциска врска, информира МИА.
– Нема противречност во солидарноста со Израел и дејствувањето за хуманитарните потреби на Палестинците, нагласи Фон дер Лајен.
Посочувајќи дека денешното заседание на Европскиот совет е свикано поради „уште еден грозоморен терористички напад извршен од Хамас“, Фон дер Лајен потенцира дека на сите им е јасно оти Израел има право да се брани во согласност со меѓународното и хуманитарното право.
Таа потсети дека Еврокомисијата донесе одлука за тројно зголемување на хуманитарната помош за Палестинците за оваа година и за воспоставување воздушен мост кон Египет, во близина на Газа, со цел брзо испорачување помош преку границата.
– Во контакт сме со египетските власти за да овозможиме нашата помош да влезе во Газа од Египет. И персонал на Комисијата е во Египет за да се подготви за испорака на хуманитарна помош во Газа. Исто така, им објаснуваме на израелските власти дека е неопходно да се обезбеди вода за Газа. Ова е основно човеково право, додаде Фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК истакна и дека ЕУ спроведуваме внатрешен преглед на дистрибуцијата на нејзината финансиска поддршка и развојна помош за Палестинците, со цел да се осигура дека средстава од Унијата не завршуваат кај некоја терористичка организација.
– Неодамна разговарав со неколку арапски лидери. Сите беа многу јасни за важноста на финансирањето од ЕУ и дека овие настани имаат потенцијал да го вовлечат целиот регион во конфликт. Ова ќе го доведе во прашање позитивното влијание на целото наше финансирање од соседството, рече Фон дер Лајен.
Главна тема на онлајн средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ беа обезбедувањето хуманитарна помош за Палестинците, избегнување на регионална ескалација на конфликтот и какви било прекршувања на хуманитарното право, ангажманот на Унијата во соработка со регионалните актери за барање траен и одржлив мир заснован на решението за формирање две држави, потенцијалните безбедносни последици од конфликтот врз членките на блокот, како и ризикот од можни миграциски текови кон Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Можен прекин на огнот меѓу Израел и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…
„Животот ќе ви стане пекол“: Трамп со…
„Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и постави…
Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…
Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…