Фон дер Лајен: Украина ќе може да набави клучни компоненти за системите „Патриот“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Украина ќе може да набави клучни компоненти за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ преку следната исплата од 3,2 милијарди евра од заемот на ЕУ за поддршка на земјата.
– Заедно со генералниот секретар на НАТО, Руте, ја поздравувам одлуката на државите членки да ѝ овозможат на Украина исклучок кој ќе ѝ дозволи да купува клучни компоненти за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ – се наведува во нејзината изјава.
Заемот на ЕУ за поддршка на Украина е во вкупна вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, од кои околу 60 милијарди евра се предвидени за воени потреби, а 30 милијарди за буџетска поддршка. Според правилата на механизмот, средствата за одбрана во принцип мора да се користат за набавки од украинската и европската одбранбена индустрија, при што за итни потреби може да се дозволат исклучоци.
Таквиот исклучок е неопходен за американските системи „Патриот“, кои се меѓу главните средства на Украина за заштита од руски ракети и авиони; според податоците на НАТО, во последната година околу 75 проценти од ракетите за „Патриот“ доставени во Украина се обезбедени преку иницијативата PURL за купување американско вооружување со финансирање од сојузниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…