Фон дер Лајен: Украинските граници не смеат да се менуваат насила
Границите на Украина не смеат да се менуваат со сила, нејзината армија не смее да биде намалена така што ќе остане ранлива на напад, а Европската Унија мора да има централна улога во мировниот договор за Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, објави „Ројтерс“.
Нејзината изјава во неделата доаѓа во момент кога високи претставници на САД, Украина и советници за национална безбедност од Франција, Британија и Германија одржуваат разговори во Женева за американскиот предлог-план за ставање крај на војната во Украина.
– Секој веродостоен и одржлив мировен план треба пред сè да го запре убивањето и да ја заврши војната, без да посее семе за некој идeн конфликт. Се договоривме околу главните елементи што се неопходни за праведен и траен мир и за суверенитетот на Украина.
Претседателката на Европската комисија ги издвои трите најважни елементи според неа.
– Првин, границите не смеат да се менуваат со употреба на сила. Второ, како суверена држава, не смеат да се наметнуваат ограничувања врз украинските вооружени сили што би ја оставиле земјата ранлива на идни напади и со тоа да ја поткопаат европската безбедност. Трето, централната улога на Европската Унија во обезбедувањето мир за Украина мора целосно да се рефлектира. Украина мора да има слобода и суверено право да го избере својот пат. Тие избраа европски пат – рече Фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…