Објавено на:

Фон дер Лајен: Цените на гасот паднаа кога обединето се одвоивме од Русија

t

Зголемените цени на гасот во Европа, кои скокнаа откако Русија престана да испорачува енергенси, паднаа во моментот кога Европската унија и нејзините сојузници одлучија да преземат конкретни мерки за подобрување на ситуацијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Во моментот кога дејствувавме обединето, за да се дистанцираме од Русија, цените на бензинот паднаа“, рече Фон дер Лејен за време на посетата на норвешката гасна платформа во Северното Море, пренесе Ројтерс.

Лидерите на НАТО и на Европската комисија денеска пристигнаа на платформата „Трол А“ за да разговараат за набавката на енергија и инфраструктура, нагласувајќи ја важноста на Норвешка за снабдување со гас, по рускиот напад на Украина.

По падот на снабдувањето со руски гас, Норвешка стана најголем снабдувач на гас во Европа минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…