Фон дер Лајен ја поддржа мировната иницијатива на Трамп доколку донесе траен и одржлив мир

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изрази поддршката за иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, доколку тоа значи постигнување траен мир во Украина, со безбедносни гаранции и под покровителство на Вашингтон.

– Поддршката за Украина е во интерес на Европа. Ако нашиот одговор биде слаб, тоа ќе доведе до нови конфликти и ќе ги охрабри авторитарните режими, изјави фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел.

Таа повика на значително зголемување на воената и економската поддршка за Киев и нагласи дека Русија мора да биде принудена да прифати одржливо и применливо мировно решение.

Фон дер Лајен, исто така, истакна дека ЕУ мора да се реформира во одбранбениот сектор, што вклучува развој на противракетен штит, производство на беспилотни летала и зголемување на буџетот за воена индустрија. Притоа, таа најави можност Европската инвестициска банка да финансира воени проекти. 


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…

За време на говорот на Урсула Фон…