Фон дер Лајен ја смирува ситуацијата во Косово: Проблемот ќе се реши без конфликти!

t

Претседателката на Европската комисија на турнејата низ Западен Балкан денеска престојува во Приштина, од каде вели дека се работи на решенија кои се применливи во контекст на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во своето обраќање по разговорот со Вјоса Османи во Приштина, Урсула фон дер Лајен рече дека се работи на применливи решенија за таблите и други прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Мислам дека е клучно правилата да се почитуваат. Правила има и тие мора да се почитуваат во секоја земја. Во исто време, ако има транзициски период, тој треба да оди непречено и да биде инклузивен. Знам дека решенијата сè уште се работи на нив и јас зборувам во контекст на дијалогот поддржан од специјалниот претставник на ЕУ“, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК најголемиот дел од своето обраќање во Приштина го посвети на енергетската криза предизвикана од војната во Украина.

Таа им порача на домаќините да ја видат нивната посветеност на вредностите на ЕУ, амбициозните реформи и усогласувањето со нашиот одговор на руската војна против Украина.

Претседателка на Европската комисија повторува дека руската енергетска војна ги погодува сите во Европа и дека ЕУ обезбеди пакет енергетска поддршка и одвои 75 евра за заштита на граѓаните и бизнисите во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…

Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…

Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…

Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…

Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…

Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…

Притвор до 30 дена за директорката на…

Вишиот суд во Белград одреди притвор до…

Србија ќе избира претседател на 27 декември:…

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…