Објавено на:

Фон дер Лајен ќе го прослави Денот на Европа во Киев заедно со Зеленски

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре ќе престојува во посета на Киев, соопшти портпаролот на институцијата. Тој истакна дека посетата се совпаѓа со Денот на Европа – 9 мај.

Топло ја поздравуваме најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Денот на Европа во иднина ќе се слави во Украина, додаде портпаролот. Според него, разговорите меѓу Фон дер Лајен и Зеленски ќе ги опфатат сите прашања од билатерален интерес, вклучително и подготвеноста на Киев да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.

Портпаролот потврди дека Европската комисија во петокот минатата недела им ги предала на земјите од ЕУ предлозите за дополнителни санкции против Москва. Тој објасни дека предлозите главно се однесуваат на примена на санкции и спротивставување на обидите за нивно заобиколување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Киев се противи на ублажувањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…