Фон дер Лајен ѝ честиташе на Трас: Да го почитува договорот за Брегзит

t

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека очекува Велика Британија, и за време на мандатот на премиерката Лиз Трас, да ги почитува сите аспекти од договорот за Брегзит, пренесува Гардијан.

„Заедно се соочуваме со бројни предизвици, од климатските промени до руската инвазија на Украина. Се радувам на конструктивна соработка, со целосно почитување на нашите договори”, напиша Фон дер Лајен во објавата на Твитер.

Трас денеска победи на внатрепартиските избори за лидер на Конзервативната партија во трката со поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Таа утре треба да стане и премиерка, кога кралицата Елизабета Втора ќе ја повика да формира нова влада, на прием во замокот Балморал во Шкотска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнозинството Британци сметаат дека Брегзит бил грешка

Две третини од граѓаните на Европската Унија…

Повеќе од половина Британци сакаат да се…

Поддршката за повторно членство на Велика Британија…

Стармер: Брегзит нанесе „длабока штета“ на британската…

Брегзит нанесе „длабока штета“ на британската економија,…

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…