Форумот за образовни промени поднесе тужба против МОН: Студентскиот оброк не е прашање на милост

t

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе тужба против Министерството за образование и наука (МОН) поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк.

„Оброкот не е прашање на милост на владата и Министерството за образование и наука, ниту пак прашање на добра волја и расположение на министерката Весна Јаневска. Тоа е законска обврска што по службена должност треба да се направи без студентите да треба да пратат барање за покачување на износот“, изјави Бленди Ходаи од ФОП.

На прес-конференција пред Управниот суд, Ходаи нагласи дека МОН го има прекршено член 2.1 од законот, кој вели дека износот за субвенционирн студентски оброк треба да се усогласува со годишната инфлациска стапка.

„Преку оваа тужба бараме Уставниот суд да донесе одлука дека министерството незаконски постапило во изминатите три години, потоа да донесе одлука со која МОН треба да донесе подзаконски акт со кој ке го усогласи оброкот со годишната инфлациска стапка“, изјави Ходаи.

Од Форумот исто така бараат ретроактивно плаќање на штетата за изминатите 3 години на студентите кои ја користат мерката за субвенциониран оброк.

ФОП изминатиов период веќе реагираше дека „законите не се шведска маса од која министрите земаат што им одговара, а оставаат што не им одговара“.

„Со непочитувањето на овој закон, министерката Јаневска удри по џебот на околу 30.000 студенти-корисници. Само во 2025 и 2026 година, на студентите им се одземени околу 190 милиони денари, речиси 3 милиони евра“, посочија претходно од ФОП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…

Општина Центар два месеца не издала одобрение…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…

Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…