Објавено на:

(Фото+Видео) Бебе Реџа се струполи на сцената: Ја погодија по глава со телефон

t

За време на настапот во Њујорк, пејачката Бебе Реџа била погодена со мобилен телефон во главата, поради што паднала на сцената и се здобила со повреда, пишува „Дејли мејл“.

Инцидентот се случил при крајот на настапот, додека пејачката се збогувала со публиката. Немилиот настан бил снимен од публиката и веднаш бил споделен на социјалниот медиум Твитер. На објавените видеа се гледа како мобилниот телефонот го удира лицето на пејачката. Откако се здобила со повредата, Реџа паднала на сцената.

Исто така, на социјалните мрежи се појави видео каде се гледа дека таа брзо истрчува од сцената, за тимот веднаш да ѝ укаже помош. Нејзината мајка открила дека по повредата, пејачката добила три конци.

Не е јасно дали, и колку долго, застрашувачкиот инцидент и последиците од повредата ќе ја спречат Реџа да настапува на нејзината турнеја. Таа има уште четири закажани концерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее…

Соопштение на ВЛЕН Свесното жртвување на обвинението…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…