(Фото+видео) ДЗС со вежба одбележување на 1 март – Светски ден на цивилната заштита
Викендов, со вежба за цивилна заштита и спасување во Битолско, беше работно одбележан Светскиот ден на цивилна заштита 1 март, како што посочи директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, Ден што е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, коишто секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, несреќи, кризни состојби и други опасности.
Конкретно, по повод Светскиот ден на цивилна заштита 1 март, во соработка на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и Доброволно противпожарно друштво (ДПД) „Архангел“ од Битола, беше реализира дводневна вежба (сабота 28.02 и недела 01.03.2026 г.) во градот Битола и кај манастирот „Св. Ѓорѓи“, с. Велушина, Битолско (во предел кон границата со Грција).





Првиот ден се реализираше презентација на улогата на ДПД во системот за заштита и спасување со разменување теортетски и практични искуства и добри искуствени практики. Вториот ден, при показната вежба – симулација на настан „Гаснење пожар на отворен простор“ се примени јасна командно-контролна структура (ICS), со однапред утврдени улоги и одговорности во насока на јакнење на меѓуинституционалната соработка и со доброволните друштва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+видео) ДЗС со вежба одбележување на 1…
Викендов, со вежба за цивилна заштита и…
Трошоците за живот за една година се…
Трошоците за живот во јануари во однос…
Цените на угостителските услуги за една година…
Цените на угостителските услуги во јануари 2026…
Просечната нето плата за ноември изнесувала 45.961
Просечната месечна исплатена нето-плата за ноември минатата…
Трошоците за живот во Македонија во 2025…
Трошоците на живот во 2025 година, во…