Просечната нето плата за ноември изнесувала 45.961
Просечната месечна исплатена нето-плата за ноември минатата година изнесува 45.961 денар, што претставува раст од 9,4 отсто во споредба со истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Зголемувањето на годишно ниво е резултат на повисоки плати во три сектори. Кај административни и помошни дејности растот е 16,5 отсто, во здравствена и социјална заштита зголемувањето е од 11,1 проценти и кај трговијата на големо и мало имало повисоки плати за 10,9 отсто.
На месечно ниво, ноември во однос на октомври, најголем раст е забележан во јавната управа и одбраната, каде зголемувањето е 3,5 отсто, по што следуваат административните и помошни услужни дејности со раст од 2,2 проценти и трговијата за 1,2 отсто.
Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот период изнесувала 69 141 денар, што е повисока за 9,5 отсто во однос на истиот месец претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…
ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира…
ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни…
Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
ДЗС со две нови теренски 4×4 возила
Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за…