Трошоците за живот за една година се зголемиле за 3,2 проценти
Трошоците за живот во јануари во однос на ланскиот јануари се зголемиле за 3,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Но, во однос на декември е забележано намалување на трошоците за 0,7 проценти.
Податоците покажуваат и дека трошокот за храна и за пијалаци ни се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво, додека ако се спореди декември со јануари, тие останале непроменети.
Трошоците за облека и за обувки за една година се зголемиле за 1,2 проценти, но на месечно ниво тие се намалиле за 1,2 проценти.
Ставката за домување, вода и струја се зголемила за три проценти на годишно ниво, а за еден процент на месечно ниво.
Здравствената заштита на месечно ниво стагнира, но на годишно, трошокот е зголемен за 2,9 проценти.
Ако се следат само цените, кај земјоделските производи за една година се зголемиле за 3,2 проценти, кај индустриските производи за 2,7 проценти, а кај индустриските прехранбени производи за 4,8 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
ДЗС со две нови теренски 4×4 возила
Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за…
ДЗС: Повик за учество во гаснење на…
Повик на Дирекцијата за заштита и спасување…
Во април повеќе се купувале храна, пијалаци…
Во април годинава во однос на април…
За 6,9 проценти зголемен бројот на странски…
Во март годинава во земјава се евидентирани…