(Фото+Видео) Државата удри по народот: Пронајдени лажни сертификати, лица без сертификати – четири објекти затворени

t

Денеска (20.02.2022) во периодот од 01.30 до 04.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола.

При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење. 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци.

Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН најостро го осудува глорифицирањето на воените…

Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН најостро го осудува…

Директорот на полицијата во Благоевград сменет по…

Со наредба на министерот за внатрешни работи…

Речиси 600 луѓе се загинати и околу…

Најмалку 580 луѓе загинаа, а околу 1.924…

Меџити: Пријателството меѓу Македонија и Турција останува…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по…

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“…

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави…