(Фото+видео) И покрај ваквите закани криминалите ќе бидат разоткриени: Пожарот во Паркови и зеленило бил подметнат за да се уништат докази?

t

Вечерва кратко после полноќ е запалена дирекцијата на јавното претпријатие Паркови и зеленило – Скопје, а директорот на претпријатието Зухејер Реџепи смета дека пожарот е подметнат со цел да се прикријат докази за сторен криминал во претпријатието.

Во изјава за Инфомакс од местото на настанот Реџепи посочи дека при спроведениот попис во магацинот на претпријатието било утврдено дека недостасуваат материјали во вредност од неколу милиони денари, за што директорот чекал да поминат сите законски рокови за пописот и да се покрене соодветна судска постапка.

– Тука сум на лице место откако ми се јавија чуварските служби, фала му на Господ што нема некоја поголема штета ама сум многу разочаран од овој обид да се запалат овие простории. Искрено да ви кажам како директор се сомневам дека е ова резултат на вонредниот попис што го направивме со надлежните, стрчлните луѓе во самиот магацин и констатирано е дека фалат материјали во магацинот во вредност однеколку милиони денари.

Јас се сомневам дека се обиделе да ја запалат архивата, очигледно сакале да ги прикријат трагите на криминалот. Јас сметам дека е ова најлошата варијанта како одлучиле да го скријат криминалот ама ние како раководство на ЈП Паркови и злеенило нема да застанеме тука. Ќе одиме до крај додека криминалците не завршат каде им е местото, посочи Реџепи кој кажа дека досега немал закани и дека ваквиот настан нема да ги запре процесите на обелоденување на сите криминали.

– Закани не сум имал но јас чекав да заврши редовниот законски попис за да можеме да почнеме судска постапка и да утврдиме што се работело и зошто фалат материјали во магацинот. Додека јас чекав законски рокови криминалците не скале да чекаат но веројатно не успеале да ги покријат трагите на криминалот. Тоа ќе се утврди преку увидот на полицијата, тука имае и камери, фала му на Господ нема поголема штета, изјави директорот на ЈП Паркови и зеленило, нагласи Реџепи.

ЛИНК од видеото во живо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото галерија) “НЕМА КОЈ ДА ЈА НАВОДНУВА…

Парковите во општина Аеродром пропаѓаат, се жалат…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…