(Фото+Видео) Три фaшиcтички маршови низ Софија: Реагираше САД, Македонија слепа и нема

t

Пред самиот почеток на церемонија во спомен на генерал Христо Луков во Софија, позната како Луковмарш, организиран од Бугарскиот национален сојуз, градските власти одлучија да го забранат, но само формално, затоа што истиот се одржи.

Учесниците во маршот се поделија во три групи, кои полицијата ги спроведуваше до куќата на Луков, каде ќе ги запалат факлите и ќе положат цвеќе во чест на генералот Луков.

Христо Николов Луков е контроверзна фигура во бугарската историја. Од една страна е одликуван офицер кој учествувал во Балканските војни и Првата светска војна, и бил министер за војна на Царска Бугарија од 1935 до 1938 година. Но од друга страна, основал и предводел ултрадесничарско здружение по присилното пензионирање од воената служба, наречено Сојуз на бугарските национални легии, во чија реторика, дејствување и симболи многумина препознаваат корелација со националсоцијалистичкиот режим на Третиот Рајх и фашистичкиот режим на Бенито Мусолини во Италија.

Луков е убиен на 13 фебруари во Софија, пред неговиот дом, во атентат организиран од Комунистичката партија на Бугарија, како дел од кампањата на комунистите за отстранување на политичари и офицери за кои сметале дека ја туркаат Бугарија кон војна со Советскиот Сојуз и влегување во сојуз со Нацистичка Германија.

Маршот се одржува прв пат по пауза од две години, откако во 2020 година градските власти го забранија врз основа на пресуда од Врховниот административен суд на Бугарија. Истата година било предвидено во маршот учество да земат и неонацисти од Гермнаија, но ваквите планови биле расипани од германската полиција, која на аеродромот во Дортмунд привела 10 лица.

Амбасадата на САД во Бугарија издаде соопштение во кое реагира на денешниот Луковмарш, јави дописникот на МИА од Софија. Амбасадата на САД дава целосна поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи, кое се спротивстави на церемонијата организирана во спомен на генерал Христо Луков. Амбасадата на САД изрази поддршка за сојузниците и партнерите од дипломатската заедница, граѓанското општество и политичките партии во Бугарија, кои ја осудија идеологијата на омраза и нетрпеливост, што ги симболизира маршот. Неопходно е сите да се обединат против омразата, антисемитизмот и повиците на насилство, се наведува во соопштението на Американската амбасада во Софија под хаштагот #NoHate

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…