(Фотографии) Буквално падна границата со Европа: Се сруши настрешницата на граничниот премин Деве Баир
Попладнево се случил тежок инцидент на граничниот премин со Бугарија, Деве Баир во близина на Крива Паланка. Инфомакс ексклузивно дознава дека паднал делот од настрешницата на граничниот премин на локацијата каде што најчесто седат припаниците на полицијата и цариниците.
За среќа настрешницата паднала во време кога немало никој во близина па така според нашите информации нема повредени граѓани или службеници.

Причината за падот на настрешницата е непознат, а добро е познато дека овој дел од граничниот премин потекнува од време на Југославија така што вројатно причината за падот е амортизацијата низ годините.
Да се потсетиме дека во слична ваква ситуација при страшната несреќа во Нови Садживотот го загубија 14 лица, а тројца завршија со тешки повреди. Меѓу загинатите имаше македонски државјанин. 45 годишниот Васко Саздовски кој почина откако се урна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Вчера и денес утринава Инфомакс известуваше дека во 2025 година ќе се издвојуваат пари за проектот „Скопје 2014“. На кровот на палатата „Борис Сарафов“, односно објектот на Министерството за надворешни работи, ќе никне челична натстрешница, за која ќе бидат потрошени половина милион евра.

Компанијата што ќе ја гради натсрешницата на МНР, често конкурирала на огласите на Општина Аеродром. Па така, го добила и тендерот од околу 700 илјади евра за реконструкција на скверот позади трговскиот центар Капитол, а на почетокот на градежните активности во февруари годинава, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.
Во јавно достапните документи од тендерот се наведува дека натстрешницата ќе зафати околу 1.300 квадратни метри околу главната купола на кровот, но ќе се внимава и на поставените статуи. А самата настрешница во тендерската документација се бара да има гаранција од две години…
Дополнителни информации на следниот линк:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови проблеми за Зеленски: под истрага се…
Украинските антикорупциски институции ги прошируваат истрагите за…
Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар –…
Според последните анализи, водата во Гостивар е…
Две сообраќајни несреќи во Скопје: Тешко повредени…
Вчера, во рок од неколку часа, во…
Криза во Русија: Бензин има на само…
Русија се соочува со сè поголеми проблеми…
Неготинец измамен за близу 27 илјади денари…
Неготинец бил измамен за близу 27 илјади…