(Фото) Акција за целосно чистење на Камениот мост: Собрани пет кубни метри пластични шишиња, лименки..
Изминатите денови, по налог на Град Скопје, екипите на јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост.
На екипите од јавните претпријатија на терен им помагаа пожарникари коишто ги чистеа непристапните делови на мостот. Се пристапи кон целосно чистење на диво изникнатата вегетација на самите столбови на Камениот мост и целосно беа отстранети отпадоците што несовесните граѓани ги фрлаат во испакнатите делови на столбовите.
Во текот на акцијата, екипите собраа пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид на отпадоци.
Пожарникарите на терен користеа јажиња, скали и други помагала за да ја завршат успешно заедничката акција за темелно чистење на Камениот мост, кој како национално културно наследство е еден од најзначајните знаменитости на градот Скопје.
Градот Скопје продолжува со спроведување акции за чистење и отстранување на отпадот во сите населени места, како и објектите од јавен интерес за почиста животна средина за сите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…