(Фото) Армиските „Волци“ со успешна обука во Грција
Припадници на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ во изминатиот период успешно завршија основен падобрански курс во Република Грција.
Од АРМ информираат дека обуката има за цел унапредување на вештините и способностите на припадниците, како и зголемување на нивната интероперабилност и подготвеност за извршување на задачи во рамки на заеднички и мултинационални операции.
-Во текот на обуката, припадниците на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ ги унапредуваат своите знаења и практични вештини во областа на падобранството, со примена на стандардизирани процедури и постапки. Обуката се реализираше во два дела, теоретска и практична обука на земја, како и реализирање на скокови од воздухополов. Учеството на припадниците на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ на оваа обука претставува придонес кон континуираното унапредување на нивото на обученост и подготвеност на специјалните сили на Армијата, како и унапредување на соработката со Вооружените сили на Република Грција, соопшти АРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…