(Фото) Арсовска го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска заедно со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост
– 3-ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска го одбележавме со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје.
Како поддршка за подобрување на мобилноста на лицата на кои за движење им се потребни соодветни помагала, Градот Скопје обезбеди електромоторни погони како додатоци кои денес се доделија на лица корисници на инвалидски колички.

Континуирано работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, како еден од моите приоритети, при што се залагаме да се стекнат со мобилност неопходна за меѓусебна соработка и вмрежување. – напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…