Објавено на:

(Фото) Арсовска на увид на градежните работи: Град Скопје го реконструира булеварот АСНОМ во Аеродром

t

Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на квалитетот на живот, животната средина, зголемување на градското зеленило и парковите површини, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Во моментов во Општина Аеродром, Град Скопје го реконструира булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот, а паралелно со реализација на овој проект за жителите од овој дел на градот, градот подигнува нова паркова површина на 27.000 метри квадратни со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување.

Оваа паркова површина под надлежност на Град Скопје на 27.000 метри квадратни е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектите ветени во програмата За модерно Скопје, напиша Арсовска на Фејсбук.

Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…