(Фото) Арсовска ја промовираше новата биокомпостара за ефикасно компостирање на органскиот отпад

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја промовираа новата биокомпостара за ефикасно компостирање на органскиот отпад. Kомпостарата е дел ос системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Истовремено, со биокомпостарата се овозможува ефикасно решение за справување со проблемот со органскиот отпад за домашна, комерцијална и индустриска употреба, при што низ процесот на компостирање, сите видови органски отпад се претвораат во висококвалитетен компост.

Продолжуваме со реализација на проекти од програмата „За модерно Скопје” за озбезбедување на здрава животна средина за граѓаните. Во рамките на реализацијата на еко мастер планот се промовира еколошко управување со органскиот отпад, а биокомпостарата значително ќе придонесе за ефикасно справување со органскиот отпад.

Оваа нова автоматска биокомпостара е со капацитет на преработка од 1000 килограми биоразградлив отпад за 24 часа и со користење на еко аеробен метод при што се добива високо квалитетен компост подготвен за употреба во рок од 3 до 7 дена.  Со овој начин на третирање на отпадот, значителено се намалува неговиот волумен, односно 1000 килограми био отпад се трансформира во 150 до 200 килограми компост, што е намалување на волуменот за 80 до 85 проценти, со што се олеснува процесот за негово користење и складирање. Исто така, со процесот на компостирање значително се намалуваат трошоците за управување со отпадот, со тоа што од органскиот отпад се добива висококвалитетен компост за соодветна употреба во скопските јавни претпријатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…

Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…

Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…