(Фото) Ајдеее… И вмровскиве градоначалници почнаа да го брусат Сонцето од Кутлеш?
Градоначалникот Јорданов ја сруши фонатаната со Сонцето од Кутлеш, објавија од Левица-Штип на Фејсбук, од каде велат дека наместо да се исчисти, фонатаната сега е срушена.
– Утринава без никаква најава, одлука на Совет, транспатентно решение од надлежен инспектор, или проект за градење на новата “модерна фонтана”, до темел беше срушена постоечката, која се наоѓаше позади Гимназијата во центарот на Штип.
Оваа фонтана која во 2015 година, камен по камен беше рачно изработена и претставуваше своевидно уметничко дело, општинските багери без никаков респект, преку ноќ ја срамнија со земја.
И кога сите очекуваа тоа да го направи СДС бидејќи во централниот дел на фонтаната беше врежано Сонцето од Кутлеш, по 7 години постоење и по промена на тројца Градоначалници, четвртиот – од редовите на ДПМНЕ ја реши оваа „мистерија“.
Не така одамна, во периодот после потпишувањето на Преспанскиот договор, кога беа брусени металните шахти на кои беше излиено Сонцето од Кутлеш, „патриотската“ ДПМНЕ правеше театри и прес конференции, цврсто противејќи се на потегот на владата на СДС.
Денеска, после само 4 години од тој, за Македонците – предавнички договор, Градоначалник од ДПМНЕ го прави истото кое го правеа тогашните структури на СДС.
Дали општинските власти во Штип преку бришењето на ваквите македонски симболи, оркестрирано соработуваат со СДС или пак одработуваат за некакви Грчки агенди?
Како и да е, едно е сигурно. Со ваквите антимакедонски потези, на дело се покажува дека Дпмне и Сдс се двете лица на една иста паричка.
Од Левица – Штип прашуваме:
Зошто место долгонајавуваната реконструкција на кровот на Гимназијата што е крајно небезбеден за учениците, за вработените и за пешаците, власта се дрзна да растури нешто што беше уредено?
Факт е дека фонтаната со месеци не се чистеше. И место чистење, на дело се случи рушење. – напишаа од Левица на Фејсбук.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук само кратко коментира:
“Ајдеее… И вмровскиве градоначалници почнаа да го брусат Сонцето од Кутлеш?”


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…