(Фото) БОМБА од ТАСС: Македонија го плаќа рускиот гас во рубљи?
Дали Македонија се согласи да го плаќа природниот гас во рубљи?
Рускиот претседател Владимир Путин пред некое време потпиша декрет со кој од 1 април се дефинира нова процедура за плаќање на испораките на руски гас од купувачите од непријателските земји, меѓу кои и Македонија.
Сега таквите држави мора да префрлаат средства во странска валута на Гаспромбанк, која ќе купува рубли на берзата и ќе ги префрли на посебни сметки во рубљата на увозниците. Практично гасот се плаќа во рубљи.
Веќе неколку компании од големи европски земји се согласија на ваквиот нов режим на плаќање, меѓу нив се фирми од Италија, Франција, Германија.
Во објавата на руската медиумска агенција ТАСС, во која се соопштува дека Русија го прекинува извозот на гас во Финска, има табела во која се прикажани земјите во кои Русија изпорачува гас.
Интересно е што Македонија е сместена во државите кои се прилагодиле на новиот начин на плаќање, односно плаќање во руската валута.
Ниту Владата, ниту пак било кое министерство или останата надлежна институција во Македонија досега немаат соопштено дека се согласиле рускиот гас кој пристигнува во Македонија да се плаќа во рубљи.
Се поставува прашањето дали Владата се обидува да го сокрие овој факт од граѓаните и јавноста?
Погледнете го шематскиот приказ кој го објави ТАСС во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…