(Фото) Бугарите шират пропаганден материјал во Македонија

t

Колкав безобразлук е потребен за да финансираш операција за дистрибуирање на пропаганден материјал во некоја соседна земја, во кој ќе изнапишеш еден куп лаги против народот на таа земја, со цел да го фалсификуваш, негираш и подриваш нивниот идентитет.

Епа таков материјал утрово се најде во поштенските сандачиња во сите згради на мојата населба. Памфлетот со наслов „Да бде Блгариа“ е финансиран, како што стои во книжулето, од Техничкиот Универзитет во Габрово.

Има една работа за која што навистина жалам. Тоа е упорната тапост на Бугарите постојано да го уништуваат пријателството меѓу двете земји и народи. А можевме досега навистина да бидеме два соседни и братски народи. Барем со нас Македонците е едноставно. Доволно е само да ни пружиш пријателска рака и да покажеш почит кон нашата традиција и култура. Бидејќи нам многу малку ни треба. Наместо тоа, Бугарите го прават сосема спротивното. Тие ја покажуваат вродената омраза кон се што е македонско, го негираат нашиот идентитет и се исмејуваат со нашиот убав и благозвучен јазик. А тогаш кај Македонецот се јавува познатиот македонски пркос и се активира чувството за самоодбрана, со што тој автоматски возвраќа со одбивност и гадење на се што е бугарско.

А чудно е како во Бугарија досега не се најде ниту еден човек што ќе ја сфати реалноста за постоењето на македонски народ во срцето на Балканот. Имам јас едно чудо пријатели од Бугарија на Фејсбукот, најмногу по линија на боречките вештини и најжално е што речиси сите до еден многупати објавиле или споделиле текстови со навредлива содржина за Македонија и за Македонците. Тоа го направиле дури и тие за кои сум верувал дека можеме да бидеме блиски пријатели. Секако, никогаш не сум паднал на нивното ниско ниво да коментирам под нивните објави. Што ќе објават на својот ѕид не е моја работа, како што не е нивна што ќе објавам јас на мојот, меѓутоа сигурен сум дека да не беше тој примитивен однос од нивна страна, досега ќе соработувавме на многу полиња.

Нашите соседи имаат една голема маана. Што не можат да ја препознаат „фабричката грешка“ на Македонците, а таа е нашиот вроден космополитизам кој и те како можат да го искористат за да научат повеќе за добрососедството и за пријателството. Таа „фабричка грешка“ се должи на фактот, што сите тие детски болести како сто се национализмот, проширувањето на територијата, грабањето на туѓото културно богатство, ние Македонците сме ги поминале уште пред 2300 години. И оттогаш живееме во мир и во културен натпревар со останатите народи. Тоа што нашите соседи доцнат, и дури 23 векови подоцна, ги прележуваат детските болести – е исклучиво нивен проблем.

Затоа, отсега секогаш кога ќе сакате да не навредите или понижите, сетете се на тоа од кој народ вашите пејачи земаат песни за да ги препејуваат на својот јазик. Сетете се чиј мелос се пее по кафеаните во вашите земји. Прашајте се зошто сите вие се грабате за македонска територија, ако навистина нашата земја ја сметате за заостаната (како што милувате да кажете на Фејсбук).

Македонија е папокот на светот. И токму тоа ве боли и ве тера да ја навредувате и понижувате. Но ние секогаш простуваме. Бидејќи тоа е одлика на еден древен и мудар народ. Простено нека ви е повторно.

п.с. Следниот пат, внимавајте тајмингот за слични подароци да биде во сезоната кога го подготвуваме ајварот. Да имаме поголема корист од вашите памфлети.

Фејсбук статус на Кукузел

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Апел за помош за малиот Војдан

Апел за помош за малиот Војдан, кој…

38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Во раните утрински часови на 26 април…