Објавено на:

(Фото) Бугарски пратеник: Нека ме водат на полиграф, ова е белешка на Петков за кревање на ветото за Македонија!

t

Белешка наводно напишана од самиот бугарски премиер Кирил Петков за тоа како да се укине ветото за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, прикажа денеска бугарскиот пратеник Станислав Балабанов.

Балабанов, кој е пратеник од партијата на Слави Трифонов, Има таков народ, која најави излегување од владината коалиција, во изјава за емисија на БТВ рече дека оваа белешка ја напишал самиот Петков на лист од службените тефтери на Советот на министри во возот за Киев, каде оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Подготвен сум да бидам подложен на детектор за лаги за оваа белешка, а во Бугарија има добри стручњаци за графологија кои можат да докажат дека овој фонт е всушност ракопис на премиерот, рекол Балабанов.

Тој појаснил дека планот на Петков бил прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни бугарските барања.

На прашањето на водителот во емисијата какви се гаранциите дека тоа ќе се случи, Балабанов одговорил дека гаранција е Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…

Петков и Јотова ќе се судат за…

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…

Напад со дронови во Црното Море кај…

Бродот што беше нападнат со дронови во…