(Фото) Велосипедска патека во Црниче – чекор кон создавање велосипедска инфраструктура низ Кисела Вода

t

Општина Кисела Вода започнува со изградба на велосипедски патеки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните работи на улицата „Наум Охридски” во Црниче. На потегот помеѓу улицата „Жванска” и улицата „Бихаќка”, се гради велосипедска патека во должина од 600 метри и ширина од 1.20 метри.

Поради зголемена безбедност на велосипедистите, патеката е одделена и заштитена со столпчиња.

-Денес на улицата „Наум Охридски” во населбата Црниче градиме велосипедска патека, како почеток на планираното создавање на велосипедска инфраструктура низ општина Кисела Вода. Се работи за простор во должина од околу 600 метри, предвиден за сите оние кои кои велосипедот го користат во своето секојдневие, за спорт и рекреација или како превозно средство. Велосипедски патеки ќе има и на новата делница од булеварот „Борис Трајковски“ која е во изградба, на потегот од крстосницата во Пинтија до Драчево. Веќе нарачавме проекти и за останатите делови низ општината и етапно ќе се постапува во насока на зголемување на мобилноста на велосипедистите и овозможување безбедност и ефикасност на велосипедскиот сообраќај. Паралелно, разгледуваме можни сообраќајни решенија за изградба на мрежа на велосипедски патеки и на повеќе други локации низ целата општина, со цел да го искористиме целокупниот инфраструктурен потенцијал. Велосипедот е најеколошкото превозно средство, кое воопшто не предизвикува загадување на воздухот, не создава сообраќаен метеж, а воедно е и најевтиното средство за транспорт, што секако е многу важно во периодов на енергетска и финасиска криза во која живееме. Унапредувањето на велосипедскиот сообраќај во Кисела Вода е мое ветување дадено пред граѓаните, дел од младинските барања на кои се обврзав и, како што гледате, активност која веќе активно ја спроведувам на терен, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…