(Фото) Вечерва најзагадено е во скопските населби Аеродром, Гази Баба, Чаир и Кисела Вода
Загадувањето на воздухот во Скопје останува горчлива и алармантна тема, која директно го засега најскапото нешто – здравјето на скопјани.
Маглата која ја покри скопската котлина само кумуваше аерозагадувањето да го достигне плафонот, но во последните денови неа ја нема, а квалитетот на воздухот кој го дишат скопјани и граѓаните на Македонија е алармантен. Според вечерашните резултати, како што можете да забележите и на фотографијата подолу, најзагадени општини во Скопје се Аеродром, Гази Баба, Чаир и Кисела Вода.

Сепак, ништо подобро не е ниту во другите градови од државата. Вечерва во Струмица загаденоста на воздухот изнесува 221г/м3 ПМ 2 честички, потоа Охрид со огромни 315г/м3 ПМ 2 честички и Неготино со 275 г/м3 ПМ 2 честички..

Според резултатите, погледнете каков квалитет на воздухот има вечерва во Македонија:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакиран мејлот на министерот за здравство на…
Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…
Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема…
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша…
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…