(Фото + видео) Огромни колони возила пред бензинските пумпи во Бугарија – Возачите излегуваат на протест заради поскапувањето на горивата
На бензинските пумпи во Бугарија се создадоа огромни редици. Причина е гласина за поскапување на горивата од утре. Во Софија колоните се од 20-30 автомобили.
Огромни редици има и на бензинските пумпи низ северозападна Бугарија од Видин до Враца.
Возачите велат дека чекаат во редици за гориво поради огромниот скок на цените за тој ден и гласините дека наскоро нема да има гориво на бензинските пумпи.

Повторно денеска со спонтан протест беше затворен меѓународниот пат Е 79 кај Враца. Но, тоа траеше само четвртина час, бидејќи полициските патроли го ослободија движењето на колоните.
Незадоволството го предизвикува постојаното поскапување на горивата, кои на места во регионот денеска надминаа и 3 лева за литар. (околу 90 денари)

Луѓето се организираа само 2 часа на социјалните мрежи и се собираа на делницата меѓу Враца и Мездра. Тие го блокираа патот во двата правци и на тој начин го изразија своето незадоволство од она што се случува. Возачите се заканија дека ќе се соберат на протест и утре.
Линк до видеото:
https://www.vbox7.com/play:2217f482cb
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…