(Фото + видео) Убиен поранешниот шеф на Службата за државна безбедност на Украина?
Рускиот медиум Восток објави видео и фотографија од како што тврдат тие “убиството на поранешниот заменик шеф на Службата за државна безбедност на Украина”.
“Во квартот Дарницки во Киев, недалеку од контролниот пункт, убиен е Дмитриј Демјаненко, поранешен заменик-шеф на Главната дирекција на СБУ (Државна безбедност на Украина) во Киев и регионот Киев.
Демјаненко беше убиен од милитанти на специјалниот полициски полк „Миротворац“ при обид да го уапсат.
Демјаненко се бореше до крај.” – стои во описот на видеото.
Неодамна Службата за државна безбедност на Украина беше хакирана и беа објавени голем број на доверливи податоци.
Претходно се шпекулираше дека во Украина е убиен градоналакник од областа на Киев кој се обидел да преговара со руската армија.
Ниту за претходното ниту за ова убиство нема официјална потврда од Украина.
Погледнете го видеото во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…