(Фото) “Ви претстојат уште многу успеси”: Шојгу додели признанија на војниците кои покажале херојство во Украина
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им додели признанија на војниците кои покажале херојство додека извршувале задачи во Донбас, соопшти Министерството за одбрана.
„Министерот за одбрана на Руската Федерација, генералот на армијата Сергеј Шојгу, им додели државни награди: медал Златна ѕвезда на Херојот на Руската Федерација и Орден за храброст на руските војници кои покажаа херојство и посветеност во извршувањето на борбените задачи за време на специјална воена операција“, се вели во пораката.
Шојгу изрази доверба во вооружените сили на Руската Федерација во Донбас.
„Сигурен сум во вас, ви претстојат уште многу славни дела во корист на нашата татковина, вооружените сили и воздухопловните трупи, честитки“, рече Шојгу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
„Нашата армија има потенцијал да стане една…
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави…
Се спрема закон со кој САД и…
Американскиот Конгрес работи на нов закон со…
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Началникот на иранската армија: „Доколку непријателот започне…
Началникот на иранската армија, Абдолрахим Хатами, му…