(Фото) Возачот на автобусот кај Венеција пред несреќата објавил селфи и порака
Автобусот го управувал Алберто Рикото, 40-годишен маж од Тревизо, кој загинал во несреќата. Непосредно пред несреќата, мажот објавил фотографија на Фејсбук на која се гледа себеси во кампот Ху во Маргера, со натпис „Шатл до Венеција“.
Италијанските медиуми објавија како дошло до несреќата: автомобили во колона на надвозникот и меѓу нив автобус што нагло се движи. Автобусот прави чудно движење, камерите поставени на патот го снимаат додека е од десната страна на патот и се движи со „преголема брзина“, велат оние кои го погледнале видеото од несреќата. И на крајот паѓа право на десната страна.
❌ #Marghera (VE), bus precipitato da cavalcavia: 15 persone soccorse dai 60 #vigilidelfuoco al lavoro, conclusa l’ispezione all’interno del mezzo. Verifica in corso per escludere presenza di persone sotto il pullman [#3ottobre 22:00] pic.twitter.com/LyCjmScE5j
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 3, 2023
Очевидци опишале што се случило во секундите пред несреќата и сите се согласиле дека се работи за нешто чудно, што во тој момент немало смисла да се прави. Токму поради ова се споменува можноста возачот да заспал или да му се слошило. Точниот одговор ќе го даде анализата на видеото од камерата која се наоѓала во автобусот.
„Кориере дела сера“ пишува дека една жена која тврди дека знае што се случило контактирала со медиумите, како и дека некои сведоци виделе како автобусот се запалил на рампата на надвозникот, но возачот не можел да застане бидејќи бил стиснат меѓу другите автомобили во редица.
Во тој момент при маневарот изгубил контрола, излетал од патот и паднал. Сепак, меѓу првичните сведоштва собрани од истражителите, нема потврда дека возилото горело пред несреќата.
Да потсетиме, трагедијата се случи нешто по 19 часот и 30 минути кога автобусот со туристи паднал од надвозник висок 10 метри на пругата, по што се запалил и изгорел до темел.
Меѓу жртвите има најмалку две деца. Меѓу 15-те повредени, идентификувани се 11: четворица Украинци, двајца Шпанци, двајца Австријци и по еден Германец, Французин и Хрват. Повеќето од нив се на интензивна нега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Затворен е воздушниот простор над Обединети Арапски…
Воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати моментално…
Иран ги напаѓа американските воени бази во…
Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…
Макрон вели американските напади на Иран се…
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…