(Фото) Во пресрет на новогодишните празници Пендаровски ги поздрави нашите мировници во мировните мисии

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со припадниците на Армијата кои се распоредени во меѓународните операции надвор од територијата на Република Македонија.

Во пресрет на новогодишните празници, претседателот Пендаровски ги поздрави нашите мировници во операцијата на КФОР во Косово, во мисијата „УНИФИЛ“ предводена од ОН во Либан, во операцијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во мисијата „ЕУТМ РЦА“ предводена од ЕУ во Централноафриканската Република, во НАТО активноста за Зајакнато истурено присуство во Латвија, припадниците на нашата Армија во мисиите на НАТО во Бугарија, Романија и припадникот на Министерството за одбрана во Ирак.

Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија високо го цени ангажманот, професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата кои активно придонесуваат кон мирот и безбедноста во светот, и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.

Честитајќи им ги новогодишните празници претседателот им посака добро здравје и натамошно посветено извршувањето на задачите бранејќи ги заедничките вредности, мирот, слободата и демократијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…

Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…

(Видео) Еден полицаец загина, а друг е…

Еден полицаец загина, а друг е тешко…

34 годишник од струмичко село – се…

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…

Преспа ќе добие мрежа од 188 километри…

Преспанскиот Регион ќе добие нова туристичка инфраструктура…

НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…

Народната банка продолжува со постепено олеснување на…