(Фото) Во финална фаза изградбата на 26 улици во Ѓорче Петров: Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта денес на терен
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид беа на увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров со вкупна површина од 16.000 метри квадратни.

-Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните со цел да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Во финалната фаза се пристапи кон изградба на улици во Стопански Двор со што се заокружува проектот на изградба во пет населени места во оваа општина, и тоа во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, каде се изгради патна инфраструктура во должина од пет километри.

-Работиме за сите да обезбедиме соодветни услови, програмска определба е во Скопје да не се дозволи без соодветен развој да се дел од населените места кои до сега биле заборавени, а таа слика ја подобруваме на со градежната офанзива, за рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, вели Арсовска.

Директорот на ЈП Улици и Патишта, Саид Саид на увидот истакна дека од вчера е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците кои се дел од завршната фаза на проектот, со ископ на гребен асфалт, поставување на тампон слој и пристапување кон асфалтирање со нова асфалтна маса, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот, истакна Саид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватските студенти и средношколци ја бојкотираат наставата,…
Учениците во средните училишта и студентите во…
Велика Британија ги ажурираше фрижидерите за да…
Британска операција за сајбер безбедност ја среди…
СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…
СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…
До 200.000 евра казни за нефер трговски…
Десеткратно повисоки казни, во висина и до…
Отпушок од цигара предизвика пожар во ГОБ…
Избувна пожар во Одделот за ортопедија во…