ФОТО: Вработени во ЈСП затекнати при кражба на нафта од гаражите во Ѓорче Петров!

t

Синоќа, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Вработените ќе бидат отстранети од работа, а градоначалникот очекува Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот.

-Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок, посочи Ѓорѓиевски.

Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот!

-Само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат нашето и ваше Скопје. За Скопје се бориме со сите сили, порача скопскиот градоначалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФОТО: Вработени во ЈСП затекнати при кражба…

Синоќа, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени…

Следува законско решение кое ќе важи на…

Следува законско решение кое ќе важи на…

Рокас: Целта е по уставните измени да…

Ако Собранието ги усвои уставните измени, целта…

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе…

(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во…

Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот…