(Фото галерија) Американски бомбардери над македонското небо: Летечката тврдина над Скопје

t

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денес во 14.35 часот извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови, бомбардери од типот „Б-52“.

Според Министерството за одбрана, прелетите на воените авиони, познати како „Летечки тврдини“, го демонстрираат силното сојузништво на земјава во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Македонија.

„Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија“, појаснуваат од МО.

Пред малку се огласија и од американската амбасада од каде велат дека ова показател на посветеност на САД кон сојузниците од НАТО.

-Погледни нагоре! Денеска во 14 часот и 30 минути во Скопје ќе има нисковисински прелет на два Б-52. Целта на прелетот е да ја покаже посветеноста и гаранцијата на САД кон сојузниците и партнерите на НАТО на Балканот. : #Заедно посилни #НиеСМЕНАТО Европската команда на САД (EUCOM)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…